Gökhan Kurtaran
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ЛОНДОН (AA) – Во Велика Британија преку интернет е започната петиција за повторување на референдумот за Европската унија, која веќе сега има повеќе од 1,3 милиони потписи, јавува Anadolu Agency (AA).
Петицијата за повторување на референумот е направена на интернет страницата на британскиот парламент а до сега ја потпишале 1.370.464 лица
Поради преголемиот број потписници на петицијата синоќа дојде до пад на страницата.
Секоја петиција на страницата на Британскиот парламент, која има повеќе од 100.000 потписи може да биде предмет на расправа во Парламентот.
Петициите со повеќе од 100.000 потписи ќе се разгледуваат на седницата на 28.јуни.
Потсетуваме, во петок се објавени официјалните резултати од референдумот кој е одржан во четврток, на 23 јуни, во Велика Британија, според кој 52 отсто од жителите на Велика Британија гласаа за излегување од ЕУ.