Merve Yıldızalp
09 Февруари 2023•Ажурирај: 10 Февруари 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Едногодишно бебе и неговата мајка, со потекло од Сирија, спасени се од под урнатините на зграда во Кахраманмараш, 81 час по земјотресите кои во понеделникот ги потресоа јужните области на Туркије, известува „Анадолу“.
Припадници на Противпожарната бригада од Анкара успеаја од под урнатините да го извлечат бебето Рахаф и неговата 30-годишна мајка Ела Хамоко.
Мајката и бебето по извлеквуањето се префрлени во болница.
„Најмалку 14.351 лице загинаа, а 63.794 се повредени во двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Туркије“, информира денеска турскиот потпретседател Фуат Октај.