свет

Руски авион со 14 војници исчезна од радарот над Средоземното Море

Авионот исчезнал во исто време кога четири израелски бомбардери F-16 изведувале напади врз цели во Латакија, сириска регија во која се наоѓа руската база „Хмејмим“

Meryem Göktaş  | 18.09.2018 - Обновена : 18.09.2018
Руски авион со 14 војници исчезна од радарот над Средоземното Море

Moskva

МОСКВА (АА) - Руски воен авион II-20 исчезна од радарот доцна синоќа над Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).

Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот исчезнал во текот на летот кон воената база „Хмејмим“ во Сирија, и дека во авионот имало 14 војници.

Во соопштението се наведува дека авионот исчезнал во исто време кога четири израелски бомбардери F-16 изведувале напади врз цели во Латакија, сириска регија во која се наоѓа руската база „Хмејмим“.

Од Министерството тврдат дека во тие мигови е регистриран ракетен напад од француската фрегата на Медитеранот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın