Ali H. M.Abo Rezeg
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Воен руски авион МИГ-29 се урна во Средоземното Море во близина на сирискиот брег, соопшти денес руското Министерство за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено од државниот медиум „Раша Тудеј“(Russia Today) се наведува дека борбениот авион паднал во близина на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ при извршување на тренинг лет.
„Пилотот успешно се катапултираше од авионот", беше соопштено.
Во соопштението се додава дека борбениот авион бил дел од тренинг ескадронот којшто се состоел од три авиона.
Русија започна воена интервенција во Сирија во септември 2015 година, наводно, по писмено барање од страна на режимот на Башар ал- Асад за воена помош. Во март, Русија одлучи да ги намали своите сили во земјата разорена од војна.
Сирија се наоѓа во вртлогот на граѓанската војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад, презеде мерки со неочекувана свирепост за сузбивање на продемократските протести кои избија како дел од „Арапската пролет“.
Оттогаш, според податоците на Обединетите нации, над 400.000 лица ги загубија своите животи, а над 10 милиони се раселија низ земјата зафатена со војна.