Bayram Altuğ
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНЦХР), Вилијам Спиндлер, соопшти дека бројката на бегалци што оваа година го преминале Средоземното Море и пристигнале на крајбрежјето на Европа, вклучувајќи го и денешниот ден, надминува 300.000, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Спинлер на прес-конференцијата во канцеларијата на ОН во Женева изјави: „Според податоците на УНЦХР, бројот на бегалци што оваа година пристигнале на крајбрежјето од Европа надминува 300.000“.
Потсетувајќи дека во истиот период минатата година, преку морски пат до Европа пристигнале 520.000 бегалци, Спиндлер ги повика евопските земји колку што е можно побрзо да ги згрижат бегалците, од кои поголем дел се наоѓаат во Грција.
Спиндлер изјави дека во првите 9 месеци од оваа година, бројот на пристигнати бегалци изнесува 165.750. Тој истакна дека тоа е за 57 отсто помалку од истиот период минатата година. Бројот на бегалци што пристигнале во Италија изнесува 130.411.
Од бегалците што пристигнале во Грција, 48 отсто се Сиријци, 25 отсто Авганистанци и 15 отсто Пакистанци, истакна Спиндлер, додека бегалците што пристигнале во Италија главно се државјани на африканските земји.
Спиндлер соопшти дека иако годинава има пад од 42 отсто на пристигнати бегалци преку Средоземното Море, во однос на истиот период минатата година, бројката на настрадани и исчезнати изнесува 3.211 бегалци, што е намалување од 15 отсто.
Според договорот што го потпишаа земјите-членки на ЕУ, потребно е 160.000 бегалци од Грција и од Италија во период од две години да бидат распоредени во земјите-членки на ЕУ, потсети Спиндлер и истакна дека е потребно колку што е можно порано да се започне со спроведувањето на овој план.
Спиндлер го критикуваше фактот што досега, од Грција и Италија во останатите земји на ЕУ се згрижени само 3 отсто од планираните бегалци и додаде: „За да може ефикасно да се зголеми солидарноста за сместување на бегалците и во другите европски земји, потребно е ЕУ да даде личен пример“.