19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
КАИРО (АА) - Авионот на EgyptAir со 66 патници кој рано утринава исчезна при летот Париз - Каиро, се урнал во Средоземното Море, на 130 наутички милји од јужниот дел на грчкиот остров Карпатос, во египетскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетскиот премиер Шериф Исмаил изјави дека сè уште е рано да се каже дали се работи за технички проблем или за терористички напад.
„Сè уште не можам да потврдам ништо”, рече Исмаил на аеродромот во Каиро.
Летот на EgyptAiar 804 исчезна од радарот во 02:45 часот по локално време, при летање на висина од 11.280 метри, изјави египетскиот авиопревозник.
Египетски официјални лица од Управата за цивилно воздухопловство потврдија дека авионот се урнал и дека потрагата по еден дел од авионот е во тек.
Претходно, француските власти се согласија да работат заедно на пронаоѓање на авионот, а во потрагата учествува и Грција со два свои хеликоптери.