Mahmud el-Hüseyni,Safiye Karabacak
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
КАИРО (АА) - Патниците кои вчера го преживеаа повеќечасовното грабнување на авионот на EgyptAir на летот Александрија - Каиро, доцна синоќа допатуваа во Каиро од кипарскиот аеродром Ларнака на кој авионот во текот на грабнувањто слета принудно, јавува Anadolu Agency (AA).

На Меѓународнниот аеродром во Каиро ги дочекаа египетскиот премиер Шарих Исмаил, министерот за цивилно воздухопловство Шариф Фетхи, како и нивните семејства и пријатели.
Египетските власти ветија дека на сите патници ќе им бидат овозможени сите олеснителнителни околности со цел продолжување на своето патување кое беше прекинато со вчерашниот инцидент.
Авион на компанијата EgyptAir на летот од Александрија - Каиро, вчера утрото околу осум часот беше грабнат а екипажот беше принуден авионот да го приземји во Ларнака на Кипар.
Откако е потврдено киднапирањето на авионот, кипарските власти наведоа дека на пилотот му се заканувал патник со експлозив околу појасот.
По повеќечасовни преговори со грабнувачот, ослободени се сите патници а грабнувачот се предаде.
Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис потврди дека грабнувањето на авионот нема врска со тероризмот туку зад тоа стојат лични мотиви.