Ahmet Sait Akçay
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
БИН ГИРДАН (АА) - Шеснаесет мигранти од Тунис се удавија кога брод со 28 патници се преврте во близина на либискиот брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Активистот Мустафа Абдулкерим за АА рече дека бродот со туниски мигранти тргнал од либискиот пристанишен град Сабрата кон Италија, каде што по половина час се превртел.
„Само 12 мигранти успеаа да стигнат до брегот”, рече Абдулкерим, додавајќи дека сè уште не е познато што се случило со уште 16 други мигранти.
Мигрантите од северот на Африка и Блискиот Исток преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до грчкиот и италијанскиот брег, бегајќи од војната и сиромаштијата во своите земји.
Податоците на Меѓународната организација за миграции покажуваат дека во првите шест месеци оваа година 210.643 бегалци стигнаа до Европа, додека 2.859 го загубија животот во Медитеранот патувајќи во трошни и најчесто преполни чамци.