Zehra Ulucak
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) – 26 загинати лица е исходот од несреќата во Кинескиот град Тиенчин, откако по пукнувањето на гума, автобусот излетал во провалија надвор од патот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите од Агенцијата Синхуа, при автобуската несреќа загинале 26 лица од вкупно тириесетина патници.
Несреќата се случила на автопатот Тиенчин-Џисиан, во областа Баоди, на 80 км оддалеченост од Пекинг, се наведува во вестите.
Четирите повредени лица кои се спасиле во несреќата, биле пренесени во најблиската болница.