Vesna Besiç
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
ЛОНДОН (АА) - Илјадници граѓани се собраа денес во центарот на Лондон со цел да искажат револт, поради одлуката на гласачите на неодамна одржаниот референдум Велика Британија да излезе од членството на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу собраните воглавно беа млади луѓе кои маршираа кон квартот Вестминстер извикувајќи „Ја сум од ЕУ”, „Што да правиме” „Да останеме во ЕУ”? „Ние ја сакаме ЕУ?"
Во Велика Британија неодамна е одржан референдум на кој 52 отсто од гласачите се изјаснија дека сакаат нивната земја да излезе од ЕУ. Британската влада е должна службено да ги достави резултатите на референдумот и барањето за излез од Европската унија, а преговорите за излез би требале да траат до две години.
Се проценува дека Лондон населува околу 850,000 граѓани кои се родени во другите земји на ЕУ, најмногу Полјаци и Ирци.