Ahmet Gürhan Kartal
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
ЛОНДОН (AA) - Британската полиција соопшти дека морале да интервенираат по пукање кое се случи во метро станицата „Oxford Circus" во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици лица се евакуирани во петок попладне од станицата на лондонското метро.
Полицијата по пукањето ги предупеди граѓаните да го избегнуваат тој дел на градот.
„Ве молиме и понатаму да го избегнувате ова подрачје", наведе британската полиција на Твитер.
Полицијата соопшти дека е во тек истрага во врска со инцидентот.
Метро станицата „Oxford Circus" и станицата stanica „Bond Street" се затворени по инцидентот.