Gökhan Kurtaran
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ЛОНДОН (АА) - Економистот и автор на книгата „Исповеди на економски нарачан убиец“ (Confessions of an Economic Hit Man), Џон Перкинс, изјави дека „економските нарачани убијци“ ги имаат за цел растечките економии како што е Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Немам сомнеж дека постојат платени економски убијци кои ги имаат за цел растечките економии како што е Турција“, изјави Перкинс во разговорот за АА.
„Тие работат за многу различни влади, не само за САД. Тие, исто така, работат за секоја голема корпорација.Тие тераат една земја против друга со цел да постават огромни даночни бенефиции, нивоа на плати и други работни услови, како и бројни политики во корист на нивните корпорации, но им нанесуваат штета на луѓето на дотичната земја“, вели тој.
Перкинс додаде дека Турција може да користи нови извори на надворешно финансирање со диверзификација на своите опции.
„Би ја охрабрил Турција да стои подалеку од ММФ (Меѓународниот монетарен фонд). Денес постојат многу други опции, како онаа од Катар. Земјите како Турција треба да ја искористат, принудувајќи ги ММФ и другите финансиски институции од Кина, САД и заливските земји да се натпреваруваат едни со други. На тој начин Турција ќе има повеќе опции за да постигне подобри договори. Треба да стори сè што е можно за да избегне повеќе надворешни долгови“, изјави Перкинс.
„Можам да кажам дека растечките пазари треба да стојат цврсто против долговите. Земјите како Исланд, Аргентина и Еквадор претставуваат пример како треба да се направи тоа. Мојот совет за земјите со растечки пазари е дека тие треба да се здружат, да одбиваат да плаќаат долгови што се преземени неправедно, преку корупција или влади кои не се поддржани од граѓаните“, вели тој.
„Земјите како Турција треба дефинитивно да преговораат со Русија, Кина, земјите од Заливот итн. Не мислам дека тие задолжително треба да формираат алијанси, но треба да ги искористат можностите кои тие земји ги нудат за да постигнат договори што се корисни за своите граѓани“, изјави Перкинс.
- „Вразумете“ ги САД -
Тој, исто така, ги критикуваше потезите на полето на надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Изгледа дека претседателот Трамп посакува нарушување на традиционалните меѓународни односи и глобални економии. Како што знаете, Турција не е единствена земја каде што тој има поставено санкции и тарифи. Неговите политики се екстремно опасни за САД, Турција и за целиот свет“, додаде тој.
Перкинс изјави дека меѓународната заедница треба да работи здружено за да ја „вразуми“ администрацијата на САД.
Тој нагласи дека „економските нарачи убијци“ се многу повеќе присутни од порано, како на пример во 1970-те година, кога тој бил главен економист во големата меѓународна консултантска фирма „Chas. T. Main“.
„Кога ја имав таа работа, беше релативно генерички. Сакавме да правиме профит и да стекнеме контрола врз ресурсите за американските корпорации. Обично мојата компанија не се грижеше кои корпорации го правеа тој профит, сè додека бевме сигурни дека играме советодавна улога во текот на процесот. Денес, сè уште постојат луѓе со работа како мојата. Повеќе од порано, кога работев јас“, изјави тој.
„Покрај тоа, секоја голема меѓународна корпорација, од „Walmart“ до „Nike“ и „Exxon“ (и други) имаат своја верзија на „економски нарачан убиец“. Тие се обидуваат да постигнат договори од кои ќе имаат корист, а кои обично ѝ нанесуваат штета на дотичната земјата. Освен тоа, денес постојат нарачани „економски убијци“ од многу други земји, вклучувајќи ги Русија и Кина. Глобализацијата создаде големи можности за нарачаните економски убијци низ светот“, изјави Перкинс.
Перкинс изјави дека бил советник на Светската банка, ОН, ММФ и Министерството за финансии на САД, како и на корпорациите „Fortune 500“ и на лидери на земји од Африка, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток.