Aness Suheil Barghoti
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската влада го намали месечниот трансфер на даночните пари собрани во име на Палестинската власт како одговор на убиството на двајцата Израелци во наводните палестински напади во Западниот брег оваа недела, јавува Anadolu Agency (AA).
„Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нареди да се намали трансферот на даночните пари собрани во име на палестинската власт како одговор на смртоносните напади во кои загинаа двајца Изралелци”, истакна портпаролот на Нетанјаху, Офир Генделман во соопштението.
Израелскиот портапорол изјави дека палестинските власти ги финансирале „терористите” и нивните семјства со различни методи на перење пари.
„Колку по сурови се терористичките напади, толку поголема е паричната вредност” , додаде тој.
Двајца Израелци беа убиени во два наводни Палестински напади во Западниот брег претходно оваа недела.
Израел ги собира даночните приходи во име на Рамалах, седиштето на палестинските власти во рамките на мировните преговори во Осло.
Средствата стојат околу 180 $ милиони евра, што претставува две-третини од вкупните палестински месечни приходи, според бројката на официјалните палестински лица.
Израел ги повлече палестинските даночни приходи во 2012 и 2015 година како одговор на палестинските потези на барање за признавање на државноста.
Израелско-палестинските мировни преговори се прекинати во Април во 2012 и 2015 година поради одбивањето на самопрогласената Еврејска земја да ја ослободи групата на Палестинските политички затвореници и покрај претходните молби упатени кон нив да го сторат тоа.
Оттогаш, сите обиди да се обноват преговорите не беа успешни, што главно се должи на одбивање на Израел да ја преиспита својата политика на непроверениот договор за изградба на окупираното арапско земјиште.
Палестинските преговарачи, за нивниот дел, инсистираа дека изградбата на населението во Израел мора да се спречи додека не се постигне сеопфатен мировен договор.