Aldıjana Hadzıc
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
РИМ (AA) - Државната телевизија РАИ објави дека постои можност меѓу убиените 20 државјани, седум да се италијански државјани, јавуваат италијанските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нападот е изведен на ресторан во дипломатскиот кварт Дака. Заложничката криза траеше десет часа, а во текот на акцијата на спасување во сабота наутро полициските сили убија шест милитанти и спасија 13 заложници.
Портпаролот на војската на Бангладеш, бригадирот генерал Нејем Ашфак Ковдхури наведува дека повеќето заложници се избодени до смрт.
Италијанските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори, наведуваат дека сите убиени беа странци и дека меѓу нив се наоѓаат државјани на Италија и Јапонија, но бројот на жртвите уште не е познат.
Премиерката на Бангадеш Шеик Хсина Вазед рече дека еден од напаѓачиве утрово е уапсен.