Ekipa
28 Февруари 2016•Ажурирај: 29 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Првите проекции на резултатите од референдумот на кој Швајцарците се изјаснуваа за предлогот на националистичката партија за автоматско протерување на странците кои ќе сторат било какво кривично дело, покажаа дека мнозинството гласачи го одбиле таквиот предлог, јавува Anadolu Agency (АА).
Истражувачката група gfs.bern објави проекција според која мнозинството Швајцарци, кои излегле и гласале на денешниот референдум, се изјасниле против предлогот на Народната партија, јави страницата SRF, откако на пладне беа затворени изборните места.
Изминатите години во Швајцарија се одржани референдуми за заострување на законот за имигранти и депортација на странци за кои ќе се утврди дека сториле кривични дела.
Народната партија, која води кампања против имигрантите, рече дека референдумот во 2010 година не бил сеопфатен, бидејќи опфаќал само одредени кривични дела, како силување и убиство.
Критичарите на предлогот сметаат дека тој е нехуман и дека ќе создадат систем кој ќе претставува закана за странците, кој сочинуваат четвртина од популацијата на Швајцарија.
Според државната статистика, доколку предлогот би се усвоил, директно би биле погодени околу 10.000 лица.