Özcan Yıldırım
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Во 2016 година, илјадници лица од сите страни на светот поднесоа барање за работна дозвола до Министерство за труд и социјална политика на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
До министерството поднеле барања 86.467 лица, но само 73.584 од нив имаа можност да добијат работна дозвола. Од вкупниот број издадени дозволи, 37.965 лица ѝ припаѓаат на машката популација, додека 35.619 од нив се жени.
Министерството за труд и социјална политика одби 2.483 барања за работна дозвола, 9.432 барања биле вратени поради различни причини, а сѐ уште не е донесена никаква одлука за 968 барања.
Секоја година расте бројот на странци што добиваат работна дозвола во Турција.
Минатата година во Турција почнаа да работат 13.298 државјани на Сирија, 7.635 државјани на Грузија, 5.593 државјани на Украина, 4.397 државјани на Кина, 3.474 државјани на Туркменистан, 3.049 државјани на Киргистан, 2.435 државјани на Узбекистан, 1.970 државјани на Индија и 1.966 државјани на Русија
Меѓу странците има и 1.191 Англичани, 1.165 Германци, 1.134 Американци, 888 Италијанци и 725 Французи на кои им е издадена работна дозвола. Турција им обезбедува можности за работа за голем број луѓе од сите страни на светот.
Министерството за труд и социјална политика во 2011 година им издаде работна дозвола на 17.467 лица, во 2012 на 32.277, во 2013 на 45.834, во 2014 на 52.304, а во 2015 година работна дозвола добија 64.833 лица.