Sinan Yiter
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
АНАКРА (АА) - Руски воен авион од типот СУ-34 вчера го повреди турскиот воздушен простор, соопштено е од Министерството за надворешни работи на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение од министерството се наведува дека турската војска, повеќекртно го предупредила рускиот пилот, на анлиски и руски јазик, пред тој да го повреди турскиот воздушен простор.
"Вчера, на 29 јануари 2016 година во 11.46 по турско време руски воен авион СУ-34 го повреди турскиот воздушен простор. Рускиот авион, при повредата на турскиот простор повеќекратно е предупреден на руски и англиски јазик. Ова е јасен показател дека Русија, и покрај предупредувањето на нашата земја и НАТО сојузот, делува со цел ескалација на проблемот", се наведува во соопштението од турското министерство за надворешни работи, во кое се додава:
„Отворено ја повикуваме Русија одговорно да се однесува кон проблемот на повредата на турскиот воздушен простор, а со самото тоа и воздушниот простор на НАТО сојузот. Повторно нагласуваме дека целата одговорност, за сериозни несакани потези кои можат да предизвикаат неодговорни однесувања од овој вид, ќе паднат на Русија".
Ставовите на Турција за во врска со ова му се пренесени на рускиот амбасадор во Анкара, кој вчера е повикан во Министерството за надворешни работи на Турција при што турските власти упатиле одлучен протест поради ваквото однесување.