Felix Nkambeh Tih
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Јужно-африканскиот параолимпиец, Оскар Писториус е прогласен за виновен за убиството на својата девојка Рив Стинкам, јавува Anadolu Agency (АА).
Судот во Јужно-африканската Република ја укина претходната пресуда за убиство од небрежниост.
Уште не е позната висината на затворската казна за која Судот моментално заседава. Писториус е виновен за убиство и со тоа се очекува да му биде изречена затворска казна во траеење од најмалку 15 години.
Писториус претходно е осуден на пет години затвор за убиство на својата девојка Рив Стинкам од небрежност, на 14-ти февруари 2013 година во нивниот дом во јужно-африканскиот главен град Преторија. Казната ја издржуваше во куќен притвор
Обвинителите побараа преквалификација на убиство од небрежност во класично убиство, а тоа значи потешка пресуда која Писториус го враќа во затвор.
Параолимпиецот тој ден дошол во нивната куќа и пукал од пушка низ вратата на купатилото при што ја усмртил девојката. Во судот тврдеше дека мислел во купатилото се наоѓа лопов.
Попознат како "Blade Runner", Писториус е роден без двете фибули, долги коски во потколеницата, а нозете му се ампутирани уште во првата година на животот. Влезе во историјата во 2012 година како прв спортист кому му се ампутирани нозете, а како таков учествувал на Олимписките игри.