Doga Kirmizioglu
24 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
АНКАРА (АА) - Пол-позицијата на првата трка во Формула 1 што оваа сезона се одржува во Австралија, ја освои Британецот Луис Хамилтон, возачот на „Мерцедес“, јавува Anadolu Agency (AA).
Утрово се одржаа трките за пол-позициите пред утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија. Должината на патеката изнесува 5.303 метри, а ќе се возат 58 круга.
Возачот на „Мерцедес“, Британецот Хамилтон, оваа година ќе се обиде да дојде до својата петта титула во Формула 1. Утрово Хамилтон го имаше најбрзиот круг, изминувајќи ја патеката Мелбурн за 1 минута, 21 секунда и 164 илјадити делови од секундата, уривајќи го рекордот на патеката. Ова е седма пол-позиција на Хамилтон на патеката во Австралија.
Финецот Кими Раиконен, од редовите на „Ферари“, со време од 1 минута, 21 секунда и 828 илјадити делови од секундата, ќе стартува од втората позиција, додека неговиот клупски колега, Себастијан Фетел, со време од 1 минута, 21 секунда и 838 илјадити делови од секундата, ќе се најде на третата стартна позиција.
Ботас доживеа несреќа
За време на третата тура на квалификациите за пол-позиција, несреќа доживеа Валтери Ботас, возачот на „Мерцедес“. Тој на утрешната трка ќе стартува од десеттата позиција.
Утре (недела), 25 март, со почеток во 06:10 часот по средноевропско време, ќе стартува трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија. Распоредот на стартните позиции е следен:
1. Луис Хамилтон (Mercedes) 1.21.164
2. Кими Раиконен (Ferrari) 1.21.828
3. Себастијан Фетел (Ferrari) 1.21.838
4. Макс Ферштапен (Red Bull-TAG Heuer) 1:21.879
5. Даниел Рикардо (Red Bull-TAG Heuer) 1.22.152
6. Кевин Магнусен (Haas-Ferrari) 1.23.187
7. Ромен Грожан (Haas-Ferrari) 1.23.339
8. Николас Хилкенберг (Renault) 1.23.532
9. Карлос Саинс Џуниор (Renault) 1.23.577
10. Валтери Ботас (Mercedes) (на вторите квалификации 1.22.089)