спорт

Азербејџан, следната станица на Формула 1

За Големата награда на Азербејџан (Azerbaijan Grand Prix) на патеката долга 6 километри поставена низ улиците на азербејџанскиот главен град Баку, возачите ќе треба да извозат 51 круг

Hüseyin Burak Demirer  | 04.06.2021 - Обновена : 06.06.2021
Азербејџан, следната станица на Формула 1

АНКАРА (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со шестата трка во сезоната која ќе се одржи во Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).

За Големата награда на Азербејџан (Azerbaijan Grand Prix) на патеката долга 6 километри поставена низ улиците на азербејџанскиот главен град Баку, возачите ќе треба да извозат 51 круг.

В сабота со почеток во 16:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Азербејџан е закажана за в недела, 6 јуни, со почеток во 16:00 часот.

Пред трката на пистата низ улиците на Баку, пласманот на возачите и тимовите е следниот:

- Пласман на пилотите:

1. Макс Верстапен (Холандија): 105 поени

2. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 101 поен

3. Ландо Норис (Велика Британија): 56 поени

4. Валтери Ботас (Финска): 47 поени

5. Серџо Перез (Мексико): 44 поени

- Пласман на тимовите:

1. Ред Бул: 149 поени

2. Mерцедес: 148 поени

3. Мекларен: 80 поени

4. Ферари: 78 поени

5. Астон Мартин: 19 поени

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.