Andelija Stojkovic
06 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
БЕЛГРАД
Знакот за почеток на 34. Белградски маратон се огласи утрово во осум часот на Теразије со што почнаа маратонот и полумаратонот под слоганот „Без бариери“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стартот е организиран во „бранови“ и знакот за почетокот се огласи неколку пати, бидејќи учесниците се пуштани во групи од по 500 за да се испочитуваат епидемиолошките мерки поради коронавирусот.
Првите два „брана“ беа за маратонците.
Знакот за почеток го дадоа министерката за труд и епидемиолог, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, епидемиологот Предраг Кон и градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ.
Во маратонската трка учествуваат 1.000 натпреварувачи, а во полумаратонската 4.000 луѓе.
Полумаратонската патека е долга 21, а маратонската 42 километри.