Hüseyin Burak Demirer
06 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
АНКАРА
Португалецот Мигел Оливеира (Ред Бул КТМ) победник е на Големата награда на Каталонија, седмата трка на Светското првенство МотоГП, јавува Агенција Анадолија (АА).
Седмата трка од сезоната одржана е во Барселона, а 24 круг од возењето на патеката Киркут де Барселона-Каталонија, долга 4,6 километри.
Мигел Оливеира ја оствари првата победа оваа сезона, односно третата во кариера.
Јохан Зарко (Пармак-Дукати) доцнеше 0,175 секунди и заврши на второ место, додека Џек Милер (Дукати Леново) од Оливеира беше поспор 1,9 секунди па беше третопласиран.
На четвртото место се најде Фабио Куартараро (Монстер Енерџи Јамаха), кој бројот на бодовите го зголеми на 118 и ја задржа првата позиција во редот на возачи.
Осмата трка од сезоната, Големата награда на Германија, ќе биде одржана на 20 јуни.
- Распоред на пилотите:
1. Фабио Картараро (Франција): 118 поени
2. Жохан Зарко (Франција): 101
3. Џак Милер (Австралија): 90
4. Франческо Багнаиа (Италија): 88
5. Јоан Мир (Шпанија): 76