спорт

НБА: Клиперс со победата над Маверикс се пласираше во конференциското полуфинале

Иако Маверикс ја доби првата четвртина со резултат 35:38, Клиперси доминираа во втората четвртина и на полувреме заминаа со водство од 70:62. Својата надмоќ на теренот Клиперс ја продолжи и во второто полувреме.

Mutlu Demirtaştan  | 07.06.2021 - Обновена : 09.06.2021
НБА: Клиперс со победата над Маверикс се пласираше во конференциското полуфинале

ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одигра еден натпревар од плејофот во НБА. Во последниот натпревар од четвртфиналето на Западната конференција во НБА, екипата на Лос Анџелес Клиперс во Стејплс центарот го пречека тимот на Далас Маверикс, известува Агенција Анадолија (АА).

Иако Маверикс ја доби првата четвртина со резултат 35:38, Клиперси доминираа во втората четвртина и на полувреме заминаа со водство од 70:62. Својата надмоќ на теренот Клиперс ја продолжи и во второто полувреме. По третата четвртина Клиперс водеше со 100:85, а на крајот од натпреварот, Клиперси извојуваа победа од 126:111. Со оваа победа Клиперси извојуваа победа од 4:3 во серијата од 4 победи и во полуфиналето на Западната конференција ќе играат против Јута Џез.

Кавај Леонард имаше најголема заслуга во победата над Маверикс со дабл-дабл од 28 поени, 10 скока и 9 асистенции. Свој придонес во победата дадоа и Маркус Морис со постигнати 23 поени и Пол Џорџ со дабл-дабл од 22 поени и 10 асистенции.

Во редовите на Далас Маверикс најдобар перформанс со дабл-дабл скор прикажаа Лука Дончиќ со 46 поени, 14 асистенции и 7 скока, Дориан Фини Смит со 18 поени и 10 скока и Кристапс Порзингис со 16 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно Маверикс да се пласира во полуфиналето на Западната конференција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.