Yunus Kaymaz
17 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ - Канада викендов ќе биде домаќин на 9. трка сезонава во Светскиот шампионат во Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
На патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал долга 4.361 метар, возачите на Формула 1, в недела, 19 јуни, со почеток во 20 часот, ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 70-те круга. Трката за полпозициите стартува в сабота со почеток во 22:00 часот.
Во досегашните трки од Светскиот шампионат во Формула 1, најуспешен е Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, кој победи на пет трки. По него следуваат Шарл Леклер (Ферари) со две победи и Серхио Перез (Ред Бул) со една победа.
Пласман на првите петмина возачи и тимови во досегашните трки на Формула 1 е следен:
- Возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 150 поени
2. Серџо Перез (Мексико): 129 поени
3. Шарл Леклер (Монако): 116 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 99 поени
5. Карлос Саинс (Шпанија): 83 поени
- Тимови
1. Ред Бул: 279 поени
2. Ферари: 199 поени
3. Мерцедес: 161 поен
4. Мекларен: 65 поени
5. Алпин Рено: 47 поени