Emrah Güney
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската авиокомпанија "Turkish Airlines" откажа најмалку 95 летови од аеродромот "Ататурк" во Истанбул, поради силното невреме кое се очекува денес и утре, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува, за денес и утре се откажани летовите во и надвор од Турција. "Turkish Airlines" на службената интернет страница истакнува дека за денес се откажани 50, а за утре 45 летови.
Патниците, информации за летовите може да добијат на интернет страницата www.turkishairlines.com.