Özgün Tiran
16 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Научното истражување покажа дека бројот на смртни случаеви предизвикани со срцев удар е зголемен во деновите на викендот, јавува Anadolu Agency (AA).
Професорот доктор Ајтач Онџул, шеф на Катедрата за кардиологија на Медицинскиот факултет на Истанбулскиот универзитет, во разговор за АА кажа дека во целиот свет, срцевиот удар е причина за голем дел од смртните случаеви.
"Во многу земји во светот срцевиот удар е смртен причинител број еден, а на второ место е ракот", рече Онџул.
Истражувањето кое е извршено на Истанбулскиот универзитет се занимаваше со тоа во кој временски период најчесто доаѓа до срцев удар.
"Не е установено дека срцевиот удар зависи од годишното време. Но, она што го забележавме е дека срцевиот удар е почест во текот на викендите. Нашето истражување опфати шест илјади болни, од кои е утврдено дека 4.500 починале преку викендите", рече Онџул.
Додаде дека сличен резултат имале и другите истражувања кои се спроведени во други земји, и за тоа следните постапки за утврдување на причината зошто срцевиот удар е почест во деновите на викендот.
Онџул, исто така, нагласи дека за превенција на срцевиот удар најдобро е да се прават вежби како и бавењето со спорт, и тоа секој ден по 30 минути, после оброците.