Bedrudin Brlyavac
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
ЊУЈОРК (AA) - Истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) покажаа дека премногу време поминато пред екран го менува детскиот мозок, јавува Anadolu Agency (AA).
Клиниката за детски болести во Синсинати спроведе истражување во кое кај децата кои пред екран поминуваат повеќе време отколку што се препорачува, утврдени се разлики во деловите на мозокот кој го поддржуваат јазикот и саморегулација.
Истражувачите пак изјавија дека уште не е јасно како спомнатите промени во мозокот можат да влијаат на детскиот развој.
Студијата е спроведена на 47 здрави деца од подрачјето на Синсинати во период од 3 до 5 години со магнетска резонанца како и со когнитивно тестирање.
Џон Хјутон, водачот на истражувањето, истакна дека во последните децении луѓето, а посебно децата и тинејџерите, се повеќе време поминуваат пред екраните, мобилните телефони, компјутерите и телевизијата.
„Овие резултати јасно ја нагласуваат потребата за разбирање на влијанието на времето поминато пред екран на мозокот, посебно во фазите на динамичен развој на мозок во раното детство", рече Хјутон.
Истражувањето кое вреќе сега предизвика големо внимание од јавноста е објавено во научното списание „JAMA Pediatrics".
Канадското истражување објавено во април оваа година исто така покажа дека времето поминато пред екраните може да влијае на распон на вниманието кај децата од предучилишта возраст.
Американската академија за педијатрија предлага децата помлади од 18 месеци да ги избегнуват сите апарати со екран освен разговор преку видео. За децата помеѓу 2 и 5 години, се препорачува ограничувањето на времето поминато пред екран на еден час дневно.