Kenan Irtak
23 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Писателот и публицист, воедно и колумнист на турскиот весникот „Јени Шафак“, 60-годишниот Акиф Емре, почина денес од срцев удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамит Кардаш, сопственик и уредник на интернет-страницата „Haberiyat.com“, каде што Акиф Емре работеше како главен и одговорен уредник, соопштил дека Емре починал во својата канцеларија во Бешикташ.
Кардаш истакна дека утрово отишол во канцеларијата на Емре, за состанокот за вестите. „Кога влегов во просторијата, тој беше во лежечка положба на фотелјата. Повикавме брза помош. Интервенираа околу 40 минути. Направија сѐ што можат. Го загубивме господинот Акиф“, додаде Кардаш.