Doga Kirmizioglu
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
АНКАРА (АА) – Кај голманот на Баерн Минхен од германската Бундеслига, Мануел Нојер, утврдена е скршеница на левата нога, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипата Баерн Минхен на својата веб-страница објави соопштение во кое информира дека голманот на Баерн Минхен е повреден за време на реваншниот меч во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, каде што победи Реал Мадрид со резултат 4 : 2, со што се пласира во полуфиналето.
Во соопштението се вели дека Нојер е повреден за време на продолженијата од мечот, кога Кристијано Роналдо го даде својот трет гол, а по натпреварот, на Нојер му е извршен преглед во кој е утврдено дека тој се здобил со скршеница на левата нога.
Исто така, се соопштува дека германскиот репрезентативен голман ќе биде детално прегледан по враќањето во Минхен, по што ќе му биде утврдена соодветна терапија.
Во германските медиуми, пак, кружат информации дека 31-годишниот Нојер веројатно ја заврши сезоната.