Hüseyin Burak Demirer
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
АНКАРА (АА) - Утре започнуваат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Утре (вторник) и в среда ќе се одиграат четвртфиналните натпревари од најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.
Кој ќе се пласира во полуфиналето, ќе биде познато по одигрувањето на реванш-натпреварите на 18 и на 19 април.
Првите натпревари од четвртфиналето започнуваат во 20:45 часот.
Утре:
Јувентус (Италија) - Барселона (Шпанија)
Борусија Дортмунд (Германија) - Монако (Франција)
12 април:
Баерн Минхен (Германија) - Реал Мадрид (Шпанија)
Атлетико Мадрид (Шпанија) - Лестер Сити (Англија)