ИСТАНБУЛ (АА) - МУТЛУ ДЕМИРТАШТАН -
Викендов се одиграа натпреварите во Премиер лигата, Ла лига, Бундеслигата, Серија А и Лига 1, кои се признати за 5-те најголеми фудбалски лиги во Европа, пишува Anadolu Agency (AA).
Ливерпул се наоѓа на првата позиција на табелата во Британија, Барселона во Шпанија, Јувентус во Италија, Борусија Дортмунд во Германија и Париз Сен Жермен (ПСЖ) во Франција.

- Премиер лига
Викендов, тимот на Манчестер сити на домашен терен го совлада Арсенал со 3:1 и му се доближи на тимот на Ливерпул, кој има натпревар помалку.
Тотенхем, кој продолжува во својата трка за шампионската титула, како домаќин беше подобар од Њукасл јунајтед со резултат 1:0.
Челзи извојува победа од 5:0 над Хадерсфилд таун, додека Манчестер јунајтед како гостин го совлада Лестер сити со 0:1.
Евертон на домашен терен загуби со 1:3 од Вулверхемптон.
Вечерва ќе се одигра последниот натпревар од 25. коло на англиската Премиер лига, во кој се среќаваат лидерот Ливерпул и Вест Хем јунајтед. Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со 61 бод, следува Манчестер сити со 59, Тотенхем со 57, Челзи со 50, Манчестер јунајтед со 48 и Арсенал со 47 бода.
- Ла лига
Во 22. коло од шпанската Ла лига, Барселона на домашен терен одигра нерешено 2:2 против Валенсија, сочувувајќи ја лидерската позиција.
Атлетико Мадрид, кој ја следи Барселона на табелата, на гостинскиот терен на Реал Бетис загуби со минимални 1:0 и го доживеа својот прв пораз по третото коло во шпанската лига.
Реал Мадрид на домашен терен го совлада Алавез со 3:0, извојувајќи ја својата 4-та непрекината победа, приближувајќи му се на врвот.
Селта Виго на домашен терен ја совлада Севиља со 1:0.
На првата позиција во Ла лига се наоѓа Барселона со 50 бода, следува Атлетико Мадрид со 44, Реал Мадрид со 42 и Севиља со 36 бода.
- Серија А
Тимот на Јувентус, кој е носител на последните 7 титули во италијанското национално фудбалско натпреварување, на домашен терен ја пречека екипата на Парма. Иако Јувентус имаше водство од 3:1, на крајот натпреварот заврши нерешено 3:3.
Наполи, кој е најблиску до Јувентус на табелата, како домаќин ја совлада Сампдорија со 3:0 и направи чекор поблиску до врвот.
Тимот на Интер на домашен терен загуби од Болоња, додека Рома и Милан во Рим одиграа нерешено 1:1.
По 22. коло во Серија А, Јувентус се наоѓа на лидерската позиција со 60 бода. Следува Наполи со 51, Интер со 40, Милан со 36 и Рома со 35.
- Бундеслига
Лидерот во германската Бундеслига, Борусија Дортмунд, на гостувањето во Ајнтрахт Франкфурт одигра нерешено 1:1.
Тимот на Баерн Минхен, кој се бори за шампионската титула, како гостин загуби со 3:1 од екипата на Баерн Леверкузен, претрпувајќи го првиот пораз по 7 кола.
Борусија Менхенгадбах како гостин го совлада тимот на Шалке 04 со резултат 0:2, со што се приближи до врвот на табелата во колото во кое конкурентите одиграа нерешено или претрпеа пораз.
Штутгарт како домаќин одигра нерешено 2:2 против Фрајбург.
По 20. коло во германската Бундеслига, на врвот се наоѓа Борусија Дортмунд со 49 бода. Следуваат Баерн Минхен и Борусија Менхегладбах со 42, Лајпциг со 37, Ајнтрахт со 32, Волфсбург со 31 и Баерн Леверкузен со 30 бода.
- Лига 1
Лидерот ПСЖ, на гостинскиот терен на Олимпик Лион претрпе пораз од 2:1, доживувајќи го првиот пораз сезонава.
Тимот на Лил како домаќин ја совлада Ница со 4:0, извојувајќи ја својата 4-та победа едноподруго.
По 23. коло во француската Лига 1, ПСЖ се наоѓа на врвот од табелата со 56 бода и два натпревари помалку. Следува Лил со 46, Олимпик Лион со 43, Сент Етјен со 37, Монпелје со 36 и Стразбур со 35 бода.