спорт

Резултати од 5-те најдобри лиги во Европа

- Викендов се одиграа натпревари во 5-те најдобри европски фудбалски лиги, Премиер лига, Ла лига, Бундеслига, Серија А и Лига 1.

Mutlu Demirtaştan  | 18.03.2019 - Обновена : 19.03.2019
Резултати од 5-те најдобри лиги во Европа

ИСТАНБУЛ

Мутлу ДЕМИРТАШТАН

Викендов се одиграа натпревари во 5-те најдобри европски фудбалски лиги, Премиер лига, Ла лига, Бундеслига, Серија А и Лига 1.

Во Англија на првата позиција се наоѓа Ливерпул, во Шпанија Барселона, во Италија Јувентус, во Германија Баерн Минхен, додека во Франција лидерската позиција му припаѓа на Париз Сен Жермен (ПСЖ).



- Премиер лига

Ливерпул извојува победа на гостинскиот терен на Фулам од 1 : 2 и ја презеде првата позиција пред Манчестер Сити.

Евертон на домашен терен го совлада Челзи со резултат 2 : 0.

Поради натпреварите во купот, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем паузираа ова коло.

По 31. коло во англиската Премиер лига, Ливерпул се наоѓа на првото место на табелата со 76 поени, следува Манчестер Сити кој има два бода помалку и еден неодигран натпревар. На третата позиција е Тотенхем со 61 поен, Арсенал има 60, следуваат Манчестер Јунајтед со 58 и Челзи со 57 поени.


- Ла лига

На чело на шпанската Ла лига по 28. коло се наоѓа Барселона, која на гостински терен извојува победа од 1 : 4 против Реал Бетис. На овој натпревар Меси постигна хет-трик.

По поразот на Атлетико Мадрид од 2 : 0 на гостинскиот терен на Атлетико Билбао, Барселона ја зголеми бодовната разлика.

На првиот натпревар под раководство на францускиот стручњак Зинедин Зидан, Реал Мадрид на домашен терен извојува победа од 2 : 0 против Селта Виго.

По одиграното 28. коло во шпанската Ла лига, Барселона се наоѓа на водечката позиција со 66 поени, следува Атлетико Мадрид со 56, додека третопласирана е екипата на Реал Мадрид со 54 бода.


- Серија А

Тимот на Јувентус, кој последните 7 години е шампион на Италија, во 28. коло го претрпе првиот пораз на гостинскиот терен на Џенова.

Второпласираниот Наполи на домашен терен го совлада Удинезе со резултат 4 : 2 и ја намали разликата со лидерот Јувентус на 15 поени.

Во миланското дерби, Интер на гостински терен го совлада Милан со 2 : 3.

По одиграното 28. коло во италијанската фудбалска лига, Јувентус се наоѓа на лидерската позиција со 75 поени, 15 повеќе од второпласираниот Наполи. На табелата следуваат Интер со 53 и Милан со 51 поен.


- Бундеслига

Баерн Минхен на домашен терен го совлада Мајнц со 6 : 0 и ја извојува својата 6. победа едноподруго.

Борусија Дортмунд, која се бори за шампионската титула, на гостински терен ја совлада Херта Берлин со резултат 2 : 3.

Борусија Менхенгладбах, која е во борба за учество во Лигата на шампиони, одигра нерешено 1 : 1 со Фрајбург.

Волсбург на домашен терен го совлада Дизелдорф со 5 : 2.

По 26. коло во германската Бундеслига, на првата позиција се наоѓа Баерн Минхен, кој има ист број на бодови со Борусија Дортмунд, но подобра гол-разлика. Следува Лајпциг со 49 бода, а Борусија Менхенгладбах е четвртопласирана со 47 бода.


- Лига 1

Лидерот ПСЖ на домашен терен го совлада Олимпик Марсеј со резултат 3 : 1.

Тимот на Лил како домаќин му нанесе пораз на Монако со минимални 1 : 0, додека Олимпик Лион го совлада гостинот Монпелје со резултат 3 : 2.

На врвот од Лига 1 по 29. коло со 77 бода се наоѓа ПСЖ, кој има убедлива предност од 20 бода пред второпласираниот Лил, додека третопласирана со 53 бода е екипата на Олимпик Лион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.