спорт

НБА: Рокетси со Харден продолжуваат да победуваат

НБА-ѕвездата во редовите на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, со дабл-дабл од 31 поен и 10 асистенции даде голем придонес во победата над Атланта Хоукс од 121:105

Mutlu Demirtaştan  | 20.03.2019 - Обновена : 21.03.2019
НБА: Рокетси со Харден продолжуваат да победуваат

ИСТАНБУЛ (А) - НБА-ѕвездата во редовите на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, со дабл-дабл од 31 поен и 10 асистенции даде голем придонес во победата над Атланта Хоукс од 121:105, пишува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Хјустон Рокетс, третопласираната екипа во Западната конференција на НБА, на гостински терен извојува победа од 105:121 над Атланта Хоукс. Џејмс Харден, постигнувајќи дабл-дабл од 31 поен, 10 асистенции и 8 скока, даде голем придонес во 45. победа на својата екипа оваа сезона, трета едноподруго.

Харден во својата кариера на 74 пати во еден натпревар постигна најмалку 30 поени и 10 асистенции. Со овие бројки, Харден ја зазеде 4. позиција на листата на кошаркари во НБА кои постигнале ваков дабл-дабл. На првата позиција се наоѓа Оскар Робертсон со 230, второпласиран е Леброн Џејмс со 77, додека на трета позиција е Нејт Арчибалд со 76. Освен тоа, Харден во овогодинешното натпреварување успеа во натпреварите против 29 тимови да постигне повеќе од 30 поени.

Свој придонес во победата на Рокетси со дабл-дабл учинок дадоа и Клинт Капела со постигнати 26 поени, 11 скока и Крис Пол со 13 поени и 11 асистенции.

Хоукс го претрпе својот 48. пораз сезонава, а најдобра игра во тимот од Атланта, кој нема шанси за пласман во плејоф натпреварувањето на НБА, со дабл-дабл учинок покажаа Тре Јанг со 21 поен и 12 асистенции и Џон Колинс со 20 поени и 10 скока.

За вечер се закажани 9 натпревари од НБА кошаркарската лига.

Резултати:

Атланта Хоукс - Хјустон Рокетс 105 : 121

Шарлот Хорнетс - Филаделфија Севентисиксерс 114 : 118

Милвоки Бакс - Лос Анџелес Лејкерс 115 : 101

Минесота Тимберволвс - Голден Стејт Вориорс 107 : 117

Сакраменто Кингс - Бруклин Нетс 121 : 123

Лос Анџелес Клиперс - Индијана Пејсерс 115 : 109

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın