Mutlu Demirtaştan
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Џенова во 28. коло го совлада Јувентус што е прв пораз за „старата дама“ сезонава, јавува Anadolu Agency (AA).
Јувентус во натпреварот од 28. коло од Серијата А гостуваше на стадионот „Луиџи Ферарис“, но без Кристијано Роналдо и уште неколку играчи.
Стефано Стураро во 72. минута поведе со 1:0, а веќе во 81. минута Горан Пандев беше стрелец за конечниот резултат од 2:0.
Јувентус и понатаму, со освоени 75 бода е лидер на табелата, додека Џенова со освоените 33 бода се наоѓа на 12. место.