Dejan Maksimoviç
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
МАДРИД (АА) - Доколку го освојат Светското првенство во фудбал, кое ова лето ќе се одржи во Русија, репрезентативците на Шпанија ќе добијат по 800.000 евра, јавуваат шпанските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Додаваат дека тоа, сепак, не е дефитинивна одлука поради состојбата во која се наоѓа Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Но наведуваат дека договорот на репрезентативците и претставниците на сојузот е постигнат, како и дека се чекаат избори на главните луѓе.
Имено, Анехел Марија Виљар, поднел оставка на позиција на претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, откако е уапсен поради корупција.
Се додава дека иако ќе биде издвоен голем износ за исплата на премиите на репрезентативците, Фубдалскиот сојуз на Шпанија во случај на освојување на светскиот трон ќе заработи 35 милиони долари (околу 28,5 милиони евра).
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули ова година, а Шпанија ќе игра во групата „B“ со Португалија, Мароко и Иран.