спорт

ПСЖ повторно фудбалски шампион на Франција

- По нерешено завршениот натпревар меѓу Лил и Тулуз - 0:0, ПСЖ стана новиот шампион на француската фудбалска Лига 1

Mutlu Demirtaştan  | 21.04.2019 - Обновена : 23.04.2019
ПСЖ повторно фудбалски шампион на Франција ( Архива - AA )

ИСТАНБУЛ

Пари Сен Жермен (ПСЖ) е новиот шампион на Франција во Лига 1, откако екипите на Лил и Тулуз одиграа нерешено - 0:0, јавува Anadolu Agency (AA).

Во 33. коло од француската фудбалска Лига 1, Лил му гостуваше на Тулуз. За да ја сочува можноста за шампионска титула, екипата на Лил, која е второпласирана зад ПСЖ, требаше да извојува победа на гостинскиот терен, но по одиграните 0:0, екипата на Лил ги загуби и теоретските шанси за шампион на Франција.

На тој начин, ПСЖ кој на пет кола пред крајот на Фудбалското првенство во Франција има предност од 16 поени пред второпласираниот Лил, и стана новиот француски фудбалски шампион.

ПСЖ ја освои својата 6-та титула во последните 7 сезони, 8-ма во своето постоење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın