Doga Kirmizioglu
14 Септември 2018•Ажурирај: 15 Септември 2018
АНКАРА (АА) – Возбудата од Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува со 15. трка оваа сезона, која ќе се одржи во Сингапур.
Трката ќе се одржи на патеката „Марина беј стрит“. Должината на патеката изнесува 5.063 метри, и ќе со вози 61 круг. Трката за пол позициите ќе се одржи утре во 15:00 часот по средноевропско време, а трката за Големата награда на Сингапур започнува во недела, во 14:10 часот.
Пилотот на „Мерцедес“, Британецот Луис Хамилтон, победи на трките одржани во Азербејџан, Шпанија, Франција, Германија, Унгарија, додека на трките одржани во Австралија, Бахреин, Канада и Велика Британија победи германскиот возач Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“. На трките одржани во Кина и Монако славеше австралискиот возач Даниел Рикардо од „Ред бул - Таг Хојер“, додека на трката одржана во Австрија, на врвот од подиумот се искачи колегата на Рикардо, Холанѓанецот Макс Верстапен.

Пласман на првите пет пилоти и тимови во Формула 1 пред трката за Големата награда на Сингапур.
- Пласман на пилоти
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) 256 поени
2. Себастијан Фетел (Германија) 226
3. Кими Раиконен (Финска) 164
4. Валери Ботас (Финска) 159
5. Макс Верстапен (Холандија) 130
- Пласман на тимови
1. Мерцедес: 415 поени
2. Ферари: 390
3. Ред бул: 248
4. Рено: 86
5. Хаас: 76