Ekipa
05 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската полициска единица за борба против тероризмот уапсила шестмина осомничени милитанти кои, наводно, планирале да извршат ракетен напад во Сингапур до блискиот остров Батам, јавува Anadolu Agency (AA).
Бој Рафли Амар, портпарол на националната полиција изјави дека, во петокот наутро, биле уапсени граѓани на Индонезија на остров којшто се наоѓа на 25 километри југоисточно од Сингапур.
Амар изјави дека сите уапсени потврдиле дека се членови на Катибах Гигих Рахмат, досега малку позната екстремистичка група.