Serhat Bağbars
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудувањата во Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува со трката за „Големата награда на Кина“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во кинескиот град Шангај, на патеката со должина од 5.451 метар, во недела ќе се возат 56 круга за победник на „Големата награда на Кина“ во Формула 1. Борбата за полпозицијата ќе се одржи утре со почеток во 8:00 часот. Трката е закажана за 15 април, недела, со почеток во 8:10 часот по седноевропско време.
Победник на првите две трки оваа сезона во Австралија и Бахреин, беше германскиот пилот во тимот на Ферари, Себастијан Фетел.

Пласман на пилоти и тимови во Формула 1
Пред трката за Големата награда на Кина, листата на првите петмина пилоти и тимови во шампионатот на Формула 1 изгледа вака:
Пласман на пилоти:
1. Себастијан Фетел (Германија) 50 поени
2. Луис Хамилтон (Велика Британија) 33
3. Валтери Ботас (Финска) 22
4. Фернандо Алонсо (Шпанија) 16
5. Кими Раиконен (Финска) 15
Пласман на тимови:
1. Ferrari 65 поени
2. Mercedes 55
3. McLaren 22
4. Red Bull 20
5. Renault 15