Serhat Bağbars
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Пол-позицијата пред утрешната третата трка од светското првенство во Формула1 ја освои Германецот Себастијан Фетел од тимот на Ферари, јавува Anadolu Agency (AA).
Утрово се водеа борбите за пол-позицииите пред утрешната трка. На меѓународната патека Шангај долга 5.451 метар, во недела на 15 април ќе се возат 56 круга за победник на „Големата награда на Кина“.

Германецот Себастијан Фетел од Ферари со време 1 минута 31 секунда и 95 илјадити делови од секундата се избори за првата пол-позиција, додека неговиот тимски колега, Финецот Кими Раиконен е втор со време 1 минута 31 секунда и 182 илјадити делови од секундата.
Трет е Финецот Валтери Ботас од Мерцедес со време 1 минута 31 секунда и 625 илјадити делови од секундата.
Последниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон со време од 1 минута 31 секунда и 675 илјадити делови од секундата е на четвртата позиција.
Трката за „Големата награда на Кина“ утре ќе започне во 8:10 часот, а листата на прите 6 пол-позиции е следна:
1. Себастијан Фетел (Ferrari) 1.31.095
2. Кими Раиконен (Ferrari) 1.31.182
3. Валтери Ботас (Mercedes) 1.31.625
4. Луис Хамилтон (Mercedes) 1.31.675
5. Макс Ферштапен (Red Bull) 1.31.796
6. Даниел Рикардо (Red Bull) 1.31.948