Sinan Uslu
20 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим престојува во официјална посета на Сингапур, каде што ќе се сретне со претседателот на земјата Тони Тан Кенг Јам и со премиерот Ли Хсиен Лонг, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим во Сингапур престојува на покана на премиерот Лонг, а според извори од кабинетот на турскиот премиер, посетата ќе трае два дена.
Во текот на состаноците ќе се разговара за новата бизнис соработка со Сингапур, билатералната соработка на полето на политиката, економијата, културата, но и за борбата против тероризмот, како и за други регионални и меѓународни прашања.
Јилдирим ќе говори и на Турско-сингапурскиот бизнис-форум, но и на традиционалната конференција „Singapore Lecture“, која ги собира странските лидери, интелектуалци и реномирани личности во својот сектор, кој го посетуваат Сингапур.