Ekipa
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската влада има намера да ја зајакне контролата врз возачите кои сакаат да изнајмат автомобили и комбиња, по неколкуте напади во кои беа користени возила како главно оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за транспорт соработува со полицијата и со индустријата за изнајмување со цел да го ревидира зајакнувањето на прописите по серијата напади со возила врз пешаци во Велика Британија, Франција, Германија и неодамна во Шпанија.
„Терористичките закани се менуваат, па според тоа и нашиот одговор“, се наведува во соопштението.
Тоби Посон, член на британската Агенција за изнајмување, соопшти дека таа индустрија размислува како да ги разменува податоците навремено, со цел да им се овозможи на властите, на пример, да го поврзат системот за резервации со листата за борба против тероризмот.
Во Велика Британија од почетокот на годината во дури три напади користени се возила како главно оружје.