Ekipa
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
МОСУЛ (АА) - Во операцијата за ослободување на Тал Афар од терористичката организација ДЕАШ што ја започнаа ирачките сили утрово, загинаа најмалку 31 милитанти на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадникот на ирачката Федерална полиција, Беха ел-Мејахи, за АА изјави дека припадниците на терористичката организација ДЕАШ со возила натоварени со експлозив се обиделе да го запрат пробивањето на ирачките сили во Тал Афар од југозапад.
Мејахи изјави дека е во судирите загинале најмалку 14 припадници на ДЕАШ, а имало и загинати и повредени припадници на Хашди Шаби и на ирачките сили.
Авиони и тенкови на војската неутрализираа четири возила на кои се наоѓаа импровизирани експлозивни направи, а припадниците на безбедносните сили извршија упад врз селото Ел-Ибре, во северозападниот дел на Тал Афар.
Мајорот Ганим Хамудат ел-Азави истакна дека според првичните проценки во нападите на артилериските единици на првата одбранбена линија на ДЕАШ убиени се 17 милитанти, а десетици се ранети.
Азави изјави дека според информациите на меѓународните коалициски сили предводени од САД и воздухопловните сили на Ирак, во нападите уништени се шест ракетни рампи и три возила на ДЕАШ.
Истовремено, со операцијата за ослободување на Тал Афар во моментов во тек е евакуацијата на цивилите од тоа подрачје.
„По акцијата од страна на нашите припадници на безбедносните сили која започна утринава, од околината на Тал Афар се евакуирани околу 290.000 цивили“, изјави капетанот на ирачката армија Џабар Хасан.
Во соопштението на меѓународната коалиција се наведува дека меѓу 10.000 и 50.000 цивили се наоѓаат во тешка ситуација во Тал Афар и околната.
Во Тал Афар кој се наоѓа на 63 километри од Мосул живее мнозинско туркменско население, а припадниците на ДЕАШ го зазедоа градот на 16 јуни 2014 година.