Fatih Hafız Mehmet
21 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
СИНГАПУР (АА) - Турција се надева дека дополнително ќе ги развие односите со Асоцијацијата на држави од Jугоисточа Азија (ASEAN), кога Сингапур ќе го преземе претседателствувањето со оваа регионална меѓународна организација, изјави денеска турскиот премиер, Бинали Јилдирим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим на заедничката прес-конференција со сингапурскиот колега Ли Сиен Лонг се заблагодари за одлуката Турција да стане членка на групата на секторот за дијалог и партнерство АСЕАН на почетокот на август.
„Сингапур значително придонесе за членството на Турција. Следната година, Сингапур ќе претседава со АСЕАН, а во текот на тој период сакаме и дополнително да ги развиеме нашите односи со АСЕАН“, рече Јилдирим.
Тој додаде дека стратешкото партнерство меѓу Сингапур и Турција е воспоставено во 2014 година, а билатералните односи попримија нова димензија со потпишувањето на договорот за слободна трговија, истата година.
„Сингапур со својата визија, креативниот економски модел, нивото на развој на животниот стандард и напредокот, претставува извор за инспирација", додаде турскиот премиер.
Тој, исто така, ја спомена и можноста за соработка во областа на авијацијата, туризмот, кибер безбедноста, како и во информацискиот и комуникацискиот сектор.
„Секако, ние сме подготвени да го споделиме сето наше искуство во однос на борбата против глобалниот тероризам, како држава која плати висока цена поради тероризмот во регионот“, додаде Јилдирим.
Јилдирим вчера пристигна во официјална посета на Сингапур, а денес се состана и со претседателот на државата Тони Tан Кенг Јам.