Ekipa
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Во источниот дел на Филипините, милитантите на организацијата „Абу Сајаф“ извршија оружен напад. Во нападот, животот го загубија 9 лица, а 11 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на заедничките сили, полковник Јувимакс Ујв, соопшти дека една група милитанти од „Абу Сајаф“ во раните утрински часови извршиле напад во градот Малусо.
Полковникот Ујв рече дека милитантите запалиле 4 куќи, меѓу кои и еден старечки дом, и пукале врз цивилното население. Во нападот, животот го загубија 9 лица, од кои 3 жени, а од 11 ранети, 3 се жени.
Терористичката организација „Абу Сајаф“ од 1991 година наваму изведува вооружени активности на територијата на Малезија и Филипините, а позната е по актите на насилство и земањето заложници. Оваа организација спроведува напади во источниот дел на Филипините, со цел територијата на Минданао и Сулу да добијат независност.
Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, по убиството на едно 18-годишно момче кое беше земено како заложник, во август минатата година на армијата ѝ издаде наредба да ја „докрајчи“ организацијата „Абу Сајаф“.