Mintaha Neslihan Eroğlu
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во Лос Анџелес полицијата рани едно лице, за кое вели дека држело ладно оружје во рацете, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на метро-станицата Санта Моника отвори оган врз лице кое држело два ножа во рацете.
Повреденото лице е хоспитализирано и не се наоѓа во животна опасност.
По овој инцидент, споменатата станица привремено беше затворена за сообраќај.
Портпаролот на полицијата на Лос Анџелес, Џо Мендоза, истакна дека станува збор за белец кој покажал намера за напад.
Мендоза изјави дека се земени изјави од очевидци, а започната е и истрага за настанот.