Ekip
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Џон Aвилдсон, режисер на филмот „Роки" и „Карате Кид", кои станаа големи холивудски хитови, почина на возраст од 81, јавува Anadolu Agency (AA).
Синот на Џон, Ентони рече дека неговиот татко починал во Лос Анџелес од рак на панкреасот.
Џон Авилдсен знаеше да ја искористи шансата со филмот "Роки", за кој го напиша сценариото и во кој главната улога ја играше претходно непознатиот Силвестер Сталоне
Филмот од 1976 година, е приказна за боксер, и стана еден вид на феномен, кој освои Оскар за најдобар филм, а Авилдсон награда за најдобар режисер.
„Карате кид" е уште еден изненадувачки филм на Авилдсон. Филмот од 1984 година, ја раскажува приказната за еден тинејџер кој учи за самодовербата преку каратето.
Авилдсон ги режираше и двете продолженија на „Карате кид" што следеа, но само еден „Роки" од петте кои беа објавени по оригиналниот филм.