Hüseyin Burak Demirer
31 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Коби Брајант, легендарниот играч на американската кошаркарска лига НБА, стана глобален амбасадор на Светското првенство на ФИБА 2019, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на ФИБА, Коби Брајант функцијата глобален амбасадор на ова првенство ја доби од поранешната кинеска ѕвезда на НБА, Јао Минг.
Брајант, кој со американската репрезентација два пати ја доби титулата светски шампион, заедно со Јао во период од 31 август до 15 септември 2019 година ќе работат на промовирање на 18. Светско првенство во кошарка што ќе се организира во Кина.
Брајант, во својата 20-годишна кариера во НБА, со дресот на Лос Анџелес Лејкерс стана пет пати шампион.
Тој 18 пати е избран за учесник во „all-star“, додека во нормалната сезона во 2008 година и во финалната серија во 2009 и 2010 година ја доби наградата највреден играч (МВП).
Легендарниот кошаркар со постигнати 33.643 погодоци се наоѓа на третото место во историјата на НБА, по Карим Абдул-Џабар и Карл Малон.