Etem Geylan,Elif Ferhan Yeşilyurt
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача денес во Истанбул дека одлуката на неговата земја странските валути да ги смени во домашна валути, ни во кој случај не е против економијата на некои други земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган зборуваше на свеченоста на Неделата на турски иновации, организирана во Истанбулскиот конгресен центар, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања во неговата земја.
Тој истакна дека се додека Турција не застане на нозе, тешко ќе застане на нозе и регионот, поради тоа што на неговата земја се наоѓа голем товар и одговорност, но како тој рече, истовремено и голема чест.
„Нашите компании кои спроведуваат иновативни активности како и организацијата ТИМ, должни се секогаш да одат напред и своето темпо и цели да ги држат во тие рамки” , изјави Ердоган.
Турскиот претседател се осврна на својот повик на граѓаните на менување на странските валути во домашна, за да биде спречен падот на турската лира (TL), и порача дека Турција во таа смисла нема било какви други намери.
„Нашата одлука наместо странски да користиме домашна валута не е во никој случај против економијата на другите земји. Ние, како жители на нашата земја, сакаме луѓето било каде во светот да живеат во мир и благосостојба” , порача Ердоган.
Откако Ердоган ги повика сите граѓани на размена на заштедата во домашна валута, во акција спасуваање на државната валута се вклучи комплетната нација.
Вредноста на доларот во однос на лирата изминатата недела изнесуваше 3,60, додека моменталната вредност изнесува 3,48 лири за еден долар.