Ercan Özçetin
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - ЕРЏАН ОЗЧЕТИН -
Работниците кои се ангажирани на одржување и поправка на високонапонските електрични водовови веројатно ја извршуваат една од најтешките работи на светот така што мораат да се движат по електрични водоводи на висина која достигнува и до 100 метри.
Работниците кои работат на далеководите во местото Лапсеки кое му припаѓа на турскиот град Чанаккале, потсетуваат на акробати кои одлично се снаоѓаат на високи висини додека ја извршуваат оваа тешка работа
Овие работници кои, како велат, тргаат на работа рано наутро, неретко на високите висини на високонапонските водоводи поминуваат и по шест часа.
Првото што го прават е да ги утврдат можните дефекти, потоа го земаат алатот и се качуваат до места на висина од стотина метри каде работат на отстранување на проблемот и поставување на апаратот.
Бариш Терзи, работник кој работи на далековод во Лапсеки, во разговор за АА изјави дека неговата главна рабоа е да додава алат и материјал на другите колеги кои исто така се наоѓаат на електричните водоводи, додавајќи дека оваа работи на високонапонските водоводи е многу потешка отколку што изгледа.
„Можам слободно да кажам дека ова е работа на која опасноста по живот е многу висока. Сега сум тука на земја. Им праќам опрема на колегите кои се на водоводите. Ова што го гледате е апарат во облик на триаголник со кој се спречува допирање на водоводите. Целта е да се спречи допирање на водовите за време на силен ветер. Во моето родно место многу лица ја работат оваа работа. Иаку е тешка и опасна работа, заработуваме леб за нашите деца и семејства”, изјави Терзи.
Триесетгодишниот Сулејман Узум, уште еден работник на високонапонските водоводи, истакнува дека со оваа работа се занимава од 2006 година, додавајќи дека веројатно ја избрал најтешката можна работа.
„Свестен сум за сите опасности и потешкотии со кои се среќаваме. Но тоа е нашиот леб. Некои работат во рудници далеку под земја, некои на морско тло, а некои на овие висини како нас. Работата ни е навистина тешка. Се случува дури некои луѓе кога не гледаат на водоводите да се молат да не ни се случи нешто лошо”, раскажа Узум.
Ахмет Челик (34) кој исто така работи на далеководите, раскажа дека секој ден работи на водоовите, додавајќи дека се навикнал на оваа работа.
„Секако дека оваа работа не е ни малку лесна. Но се навикнавме. Кога ќе се симнеме на земја некогаш мислиме дека сеуште сме горе на жиците. Тука работиме на поставување на апарати за водоводите да не се допрат под влијание на силен ветер и некои други причини. Овие апарати ги ставаме на секои 40 метри. Во просек дневно поставуваме 150-200 апарати. Најтешко е да се движиш по водоводите. Знаеме дека не е лесно, но мора да се направи”, изјави овој работник, додавајќи дека најважно е да се работи чесно и одоговорно, без оглед на тоа колку работата е тешка.